Германците и Бугарите, кога, во 1941-та, повторно ја завојуваа Потковицата, покрај што ги обезбедија сите завои, сите усеци и мостови на Битолско Џаде, па мостовите и завоите на Црна, и мостовите и усеците на железничката линија, Германците, сами, на Чауле поставија осматрачница.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оттаму, во текот на целата војна, со топови бувтаа по сојузничките авиони што доаѓаа да ги бомбардираат нивните колонии што по Битолско Џаде и по железничката линија, преку Битола, се точкаа кон Солун а оттаму за Азија и Африка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)