сите (зам.) - ден (имн.)

Ѝ заблескаа, како бисери во паметта, и сите денови и ноќи поминати заедно со Крстан и тоа ја занесуваше како сон по голем умор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Богдан, поминувајќи ги сите денови затворен во собата, излезе од куќата како Ное од ковчегот и влезе во градината без која не можеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Лежеше; неговиот сандак беше празен и неговото тело беше скапнато, а тој беше притивнат и уплашен од тоа, со оние скржави и полугладни оброци за сите денови, што требаше допрва да дојдат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ додека сите денови што надоаѓаа не го смијат со себе и тој млоав, пајаџинест допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тој ден Даскалов ми донесе повеќе пакети млеко и јајца во прав; тенекиини кутии со месо, детска облека, па дури и фустани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оние што не ги бев видела дотогаш; оние на кои не се имав сетено дека постоеле во сите денови на војната; и се разбира најсетне, оние што можат да потрајат и подолго од еднодневна употреба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кај оваа формулација треба особено да се нагласи дека наместо работни денови, се бројат сите денови, што е значително понеповолна ситуација за работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Секој ден е... - Знам, докторе, дека секој ден е голем и скапоцен, особено кога треба да се напушти овој свет, но врвејќи го животот во неизвесност - сите денови ми беа како последни...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)