сите (зам.) - движење (имн.)

Некои фустани, како оние на калуѓерките, само навидум се безбојни, а под нив како да се збрани сите бои и сите движења од деновите на карневалите во Венеција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Инаку, секој ден од почетокот до крајот тој ги повторуваше сите движења од вчерадента, тоа беше веќе вкоренето во неговото тело така, што без нив не можеше ни да биде замислен ниеден од тие денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вистинската слобода отсекогаш била мултиколоритна и повеќе зависи од бојата а не и од кројката на фустаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ми го одредува и чекорот, што се вели, сите движења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)