Врат
-невралгично место-
Вратот – влезна врата на Микена
(сите гробници не се за јавност)
од талогот на потсвеста – повест
во неа преврати, и напред и назад
обрт на предметите од вредност
уметност-не-заради-уметност:
дваесеттиот век стапува ненадејно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)