сите (зам.) - глас (имн.)

Само што беа згаснати малкуте светилки во домот, сите гласови молкнаа. Беше глуво, пусто, темница.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А потоа сите гласови одново згрмеа – плач и кикот, крикови и ревења, клокотење и фијукање, молби и тажачки, благодарности и проколнувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара го затвори прозорецот, и рече: „Сите нормални луѓе се нормални на ист начин, секој луд човек е луд на свој начин.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во моментот кога сите гласови ќе “влезат”, правилата на играта престануваат да важат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оздола доаѓаа луѓе, старци, жени некои ги носеа на грб зашто не можеа да одат, а најголемата врева доаѓаше од воловите, коњите, козите, кучињата што останаа заробени во селото: се измешаа сите гласови и се слушаше нешто страшно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Ами ако оживи, - некој поприбрано, идиотски расудуваше, - тогаш како под команда молкнуваат сите гласови.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)