Не можеше да се сети дали воопшто некогаш од неговото апсење ги соблекол сите алишта од себе истовремено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сите алишта пак и ги покисна дождот, па тие станаа уште потешки за кревање... ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)