сите (зам.) - ние (зам.)

Но Македонија ја содржи, во својата природа, плуралноста и јас мислам дека сите ние, пријателите на Македонија, треба да ѝ се придружиме во спасувањето на овој плурализам, бидејќи добро знаеме колку е тој денес загрозен и колку закани го демнат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Една продавачка, жена која цел живот се трудела да ја забележам, ронејќи солзи, со усните сензуално потечени, ми вели: - А не, - ми вели. – Сите ние за него бесплатно делиме цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Добро, не велам дека сите ние не сме во некоја мерка противречни, но кај него противречноста беше претенциозна и предизвика големи последици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сите ние бевме преокупирани со тој немир што го носеше навестената војна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наскоро почнаа мобилизациите и една вечер и Јехуда Давидовиќ доби известие со наредба да се јави на мобилизациското место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сите ние сме тука збрани во времето „кон“.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Доаѓаат со бајраци и со труби и преповторуваат: сите ние веќе по трипати бевме мртви...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Вратите затворени, козите прибрани, децата растат низ нивните соништа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Премногу учтиви, сите ние во некоја мерка сме следбеници на Пруст или Бергсон; мислиме дека во нас постои нешто, што не може да го пронајде излезот во просторот, некоја „должина“ која во својата природа е повеќе музичка, отколку што е ликовна, која во суштина не може да се замисли.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И не само јас. Сите ние што бевме во Скојот и во Партијата знаевме дека религијата е пијанење на народот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
В ред, в ред, тоа не значи дека сите ние не заспиваме и не се будиме со уверувањето дека не сме премногу злочести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Признавам дека и јас сум од таквите: по неколкупати на ден ќе скинам од зелените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Обвинетиот Иван Ташин е копиле според вистинското значење на овој збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А токму тоа значење, како и да го толкуваме, е причина за неговите необмислени постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Од мојот бостан, вели, иако знам како дише секоја лубеница, се случува да скинам и понекоја зелена“. И ете, како Кусакатскиот и сите ние.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, на оној час, откако сите ние, момчињата, поминавме на ред на разбојот, Фискултурецот даде заповед да се смениме: сега ние требаше да играме кошарка, а девојчињата да поминат на разбојот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И затоа сме страдале сите ние, царството цело: за насладата на Лествичникот, за насладата на еден!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земанек застана до разбојот, и сите ние, машките, почнавме да му довикуваме; сите му завидувавме, затоа што таа помош што требаше да им ја пружи на девојчињата подразбираше да ги фати за половината, да ги поткрене за да ја дофатат пречката и потем, при слегувањето да ги дочека на ист начин: околу половината. (Го правев тоа во циркусот потоа милион пати, но никогаш со Луција, туку со други жени).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа те подучив да пронајдеш начин како да ја ослабиш сомничавоста, што сите ние ја носиме во себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се сеќавам како таа ноќ се возевме дома на линијата Е1, чувствувајќи се толку болно и победено што се срамам да го спомнувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да се важеше, претпоставувам дека сите ние би биле Казанови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашите неми одсјаи се огледуваа како негативи на темниот, мастен прозор од возот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сите ние сфативме дека вие постапувате погрешно, но тоа кај нас не предизвика катарза,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тоа е затоа што вашето сфаќање било погрешно,“ рече доктор Гете, и уште еднаш ја испружи раката пред девојката која брзо чекореше по просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И секому во смртта ќе му се пресече колку што самиот си измерил во животот свој.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ни беше кажано да не крадеме, да не убиваме, да не вршиме прељуба, да не грешиме кон браќата свои, оти гревовите наши носат казна, та сите ние преку Божјата казна ќе плаќаме за своите недела.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се помисли малку и додаде: „Впрочем, како и сите ние“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сите ние - и ние терористиве и сета онаа мизерија од политичари, патриотари и џамбази и обичните луѓе, како тебе - сите ние сме немоќни пред она што се вика: судбина на Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Речиси, сите... сите ние, освен вас, ќе спиеме на смена. Заради стражата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Лут и жолчен.) Сите ние имаме недозволени слабости.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сите наши глави, ко зрна од грозд на една дршка. сите ние црпиме од дедовите и прадедовите жили... со омраза кон тој што сака да ни ги пресече корените, закоренети од дедо прадедо, од памти век!!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сите ние по еднаш вистински плачеме - и ти, и јас. Сите...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
БАБА АНЧА: А, не така, попе, „сложни калуѓери и среда и петок мрсат“. А за сабота и недела сите ние јадеме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Веќе беше доцна ноќ и домот тонеше во онаа позната глувост, - се чинеше, смртта тука одамна е гостин и дека тука се изгубил и последниот зрак на живот. Сите ние сме мртви, сенки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некои, постарите, прибегнуваа кон метафизичкиот одговор: виновна ни беше судбината, Балканот е проклет, судирите во него се неизбежни, судирите на етнички, верски, цивилизациски план, а други кон дијалектичкиот одговор: зарем судбината нема свое име, зарем не е алиби да се избегне одговорноста, зарем противречностите не се помируваат, зарем хармонијата на разликите не е дефинитивната разврска?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обземен од моите книжевни потраги и со моето дипломатско искуство, се обидував да дојдам до индивидуалниот и колективниот удел на историската одговорност, барем на планот на генералните размисли и идеи, при што, постојано надвладуваше рефренот: сите ние бевме одговорни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога се вратив, откако Југославија се смири со СССР, по падот на сталинизмот и сите ние бевме помилувани од Голи Оток, но не ми ја вратија Катедрата по педагогија при Филозофскиот факултет, чиј основач бев, туку ме поставија за Директор на Националниот институт за фолклор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ти би можел, како сите ние, да бидеш дел од нашиот историски процес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дел од активностите ги спроведував во мојот стан, низ многубројни средби, разговори и анализи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја да ја слушнеме сите ние овдека па да ти поверуваме – го праша кадијата раскажувачот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Молк. Сите ние здрвени.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мајка стоеше на белиот куќен праг. Крај Мајка бевме сите ние, нејзините синови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„...Сите ние тука поверувавме дека Сврделот решил да се задоми и да се задомаќини. Тој друго да ти правел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И многу убаво си помина. ... а како таков сум тврдоглав и тоа ништо да не те чуди, бидејќи сите ние Прокопиеви сме изникнали од таков род.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сите ние сме во своите черепки. Гледаш ли колку сум грда?“ рече таа. 9
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сѐ повеќе и повеќе клетки се здружувале и на крајот настанале рибите, па и ние, и сите ние сме од групи на клетки што решиле да се здружат за да си помогнат взаемно. Зарем не е така?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како некаков намуртен виток буф тој својата публика прекорно ја посматра низ наочарите што му стојат на врвот од носот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сите ние се плашиме едни од други“, вели Р.Д. Леинџ (Leing) на најновата конференција за будизмот и психотерапијата што се одржува на Менхетн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мелодрама Не, доволни се двајца нема место за повеќе и кога би можеле да го измениме и кога праведно би го поделиле Имотов, секому на три, на два, на еден не би било исто ни делот, ни целоста ја имаме сите ние со празни раце ништо немаме штом пасијата стане посесија геометриска прогресија - хаос.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пелагија исто така им благодареше со топли зборови, ветувајќи им дека нема да се заборават, дека секој ден ќе наминува кај зградата Сите ние имаме иста судбина, зар не?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потсвесно барав трнливи причини за да ја изневерам среќата, која или не ја заслужував или знаев дека не можам да ја достигнам (а и сенсот за тоа што навистина е среќа полека го снемуваше при помислата на индигнацијата кај луѓето, утилитарноста, хегемонизмот, ужасот и теророт во светов во кои сите ние преживуваме и меѓу себе се јадеме).
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ум има другарот Захаријадис и сите ние нему треба да му веруваме, нели... тргнавме по неговиот ум...?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка прекина, воздивна длабоко, погледна на околу и тивко, одвај чујно изусти: - А дедо и баба и мајка и татко и сите ние рожбите нивни дома секогаш вака си се крстевме и велевме: слава Отцу и Сину и Свјатому духу и ниње и присно и во вјеки вјеков... Амин.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа толку лесно и брзо подскокнуваше и потрчуваше што брзо тоа стана една игра во која сите ние бевме на една страна и самата таа на другата, против нас.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Рече така и притоа се прекрсти, а после, како што беше редот, се прекрстивме и сите ние.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ама умрениов човек е наш и на нашиот господ, со душа и срце е наш, тоа ви го велиме сите ние овде собрани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сите ние, човеку, всушност сме животни или предмети и управувани сме од ѕвездите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)