сите (зам.) - плаче (гл.)

А ние сите плачеме. - Што плачете, прашува Мирковиќ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога им кажа на сестрите и на мајка си за својата одлука, сите плачеа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)