сите (зам.) - гледа (гл.)

Рајна дојде и ми вели: „Замисли си, на гробот на Генералот, по повод годишнината од негова смрт, дојде и онаа мивка од куплерајот, онаа Сузи, или како ја викаат уште, и место внимателно да ја слушаат божјата служба сите гледаа во неа, се разбира не жените туку оние другине.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега сфатив оти мажите имаат муцки на најосетливи кучиња; и тие како и загарите знаат да откријат секоја трага, се разбира кога е во прашање месото на лесна жена".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сите гледаат во лудите, а тие гледаат во насобраните на плоштадот, се гледаат и меѓусебе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите гледаат кон Вирово. Селото, вистина, не се гледа оттука, оти е зад шумата, ама се гледа чадот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)