сиот (зам.) - негов (прид.)

- Сфати ме, немав време да дојдам порано – барајќи ѝ го погледот за да се оправда за сето негово доцнење.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Управувачот беше сиот негов живот додека нѐ дотркала до Берлин, и назад до Скопје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во мислите, минав низ сиот негов работен век, поттикнат од последните зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И сите негови активности, сиот негов свет беше прекриен со сладок сјај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од неа зрачеше блесок што го осветлуваше сето негово постоење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега сето негово битие влечеше кон неа, тоа посегна и надвор во просторот, и пипкаше во темнината, во обид да го зграпчи нејзиниот лик и да го задржи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Телото на неговата Сандра беше извор на сето негово минато за кое тој единствено знае, минато без пукнатина и иднина што знае само за среќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Накратко, Били е апотеоза на трејдот: возвишено велелепен објект, но само објект, без внатрешност, без психологија, без бистрина и без сензибилитет што би го расипале сјајното површно дејство на неговиот совршен телесен облик. ‌Ете зошто, и покрај сиот негов романтичен гламур, Били нема никаква сила да држи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Самосвест како да немаше многу или нималку, или отприлика колку што е разумно да му се припише на куче од бернандинската раса“ (301, аналогијата се повторува на 358–359).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Според сето негово дотогашно познавање на физиката, старецот требаше да го има во водата!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Неколкумина се свртеле кон волето во втората запрега чиј стопан останал да гори зад нив во плиток гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неделко Шијак последен сфатил. Еднодушната мисла на другите се разлеала по сета негова снага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот негов напор се претвора во некакво своевидно пелтекање, сето сочинето од испокинати зборови:) Душичке... Како да речам... Знаеш...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Имаше нешто полно и глуво, нешто сосема решено и тупо од тоа, како некој полн, глув одзвук, сиот тој мир околу него, и сиот негов мир; тоа му го придушуваше здивот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ниеднаш не ја изгуби онаа мирна празнина, онаа што понекогаш му беше и некаква чудесна леснина во сето негово тело, но за која тој знаеше дека е од исцрпеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Допирите од јазикот на срнчето и неговиот здив секогаш наново носеа сѐ потопол и сѐ попребликнат грч во сето негово тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш чиниш тој простор беше му го позел; тој простор чиниш уште пред тоа, пред тој да може да го знае тоа, беше му го украл сиот негов здив во своите недогледни глобочини, со мирна невидена плавна синевина, што го исполни сето растојание меѓу бескрајните брегови на неговиот поглед и простор беше го повлекол сиот него кон себеси, кон својата шир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кај бригадирон Језекил, мислеше, тоа е неговиот труд, сиот негов живот, старион е всушност целиот еден празен ракав.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега дури и помалку тонеше во снегот, а во колениците, место сета поранешна болка, сега се извиваше и една пријатна топлина, што се ширеше по сето негово тело и што му ги омекнуваше оловните јазли во секој зглоб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, и секогаш, кога ќе помислеше на оној старец, еден благ јазик тага го полазуваше по сето негово тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ова недвојбено укажување на него како на извршител на злосторот, па Мусли бег, загрижен од одмазда на дворот врз сиот негов сој, се опинаше да го наговори Арслан бега да се откаже од потерата по Владимира Акиноски и да моли, и да измоли заедно, со помош на беглербегот битолски, нивни роднина, што побрзо да му биде даден ветениот имот во Битолско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше најтажниот, воопшто најтажниот ден во сиот негов досегашен живот, за првпат се делеше од своите блиски и од своето родно место.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Албумот започнува со сликата од неговото раѓање, па слики од детството и младоста сè до неговото заминување, потоа меѓу нив наредени се слики од сето негово семејство.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Да се растресе сиот негов живот, - ќе речеше татенцето и почнуваше да раскажува. Од под пазува му паѓаа ордени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Болката на левата рака растеше и се качуваше кон рамото, пушташе боцкави гранки долж сето негово тело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сиот негов ум и тело изгледаше како да се зафатени од некаква неподнослива пречувствителност, од еден вид проѕирност, која секое движење, секој звук, секој контакт, секој збор што мораше да го изговори или чуе, го претвораше во вистинска агонија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Горко задоволство се разлеа по сето негово тело како жежок отров.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Црквата екна, офнаа иконите, се затресе олтарот - така му се стори на попот Ставре кој сега немаше друга моќ во себе освен да се предаде на семоќниот водител негов, оној што го тешеше, ама и го туркаше од немило до недраго, како и сиот негов народ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Калија. Калија небаре беше гласник на сиот негов таксират.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така стутулен, со здебелен нос и сцрвенети очи, тој изгледаше поинаку: сето негово суштество, пресвиткано и солзливо, молеше понизно за помош, сеедно што неговите зборови се трудеа да му го задржат поранешниот углед.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш ќе знае дека сиот негов живот бил само едно предавство, измама, лага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Му дадов збор за довечер.. Не може повеќе: го изеде жив срам од луѓето.. за мене... на сета негова добрина...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А чекај! Ќе види тој! Уште еднаш...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уште како малав заоде со мајсторите по градовите, работеше и му праќаше пари на татка си Профим да прикупи уште нешто од брегот, да го видат еднаш сиот негов.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нешто длабоко, силно, во татковиот дух се кршеше за да се спојат блоковите време од сиот негов живот, за да завршат во хармоничен глас кој ќе ги повика другите да му се придружат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)