Цви Корец ужива во секоја реченица од тоа интервју што сега, сиот блажен во карцерот бр. 84, прецизно го реконструира, сеќавајќи се на расположбата во која тие зборови и ги изговараше: „Бев примен со големи церемонии и имав разговори со еврејските значајни личности, како на пример со претседателот на Ционистичката унија Давид Флорентин и со други, како Молхо, Реканати, Морфорго и Модиано...“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)