сиот (зам.) - сила (имн.)

10. Најпосле остана Толе сам да „пашува“ по неговиот „пашалук“ — старо Мариово, со своите арамии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа трча со сета сила, а по неа смешно подрипнува на една нога мажот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога се помазни по лицето и виде дека од убавата црна брада останале само корењето, силно се натажи, та дури и обескуражи, небарем сета сила му се зеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Абре, да видиме за водата!“, се обиде со сета сила Михајло.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Горе татни пазарската бучава и двајцата настојуваат со сета сила да ја кршат карпата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)