Па таман толку еден среден орач наоѓа во Витолишча што кале цела година по полето со сето семејство.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На патувањето сето семејство беше во едно купе, во соседното беа нашите пљачки, многу таткови книги, а ние помалите деца носевме перници од пердуви, меки како срцата на Мајка и Татко на ова, за нив, сигурно бесповратно патување, збогување со нашата родна земја без враќање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Маж ѝ нејзин отепа еден качак и доби абер дека сето семејство ќе му го сотрат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Вие сте во право кога велите дека и јас ги наследив татковите илузии, неговите гени, не определувајќи се ниту за Запад, ниту за Исток, како да останав со сето семејство да го исполнувам мајкиниот завет. Којзнае каде е вистината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Речиси во сите фази на напредувањето на Али Фетхи, подоцна наречен Окјар (стреловита мисла), од страна на Мустафа Кемал Ататурк, во знак на неговите реформи, баба се надеваше дека еден од синовите ќе биде прифатен од нејзиниот полубрат на висока позиција, па потоа и сето семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тие мигови, гледајќи го загрижено нејзиното лице, тој беше уверен дека таа презела сѐ за решавање на проблемот што најчесто го измачуваше сето семејство, па сега узреало времето за одлука.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Веста на најстариот брат за пописот го собра сето семејство на чардакот. – Попис на козите, ја прекина мајка ми прва тишината – не ќе е на арно! – Тие сакаат да видат колку кози имаме па ножот! – рече еден од постарите браќа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А кога веќе дедо ти со сето семејство морал да избега, стоте свои овци му ги оставиле нему на чување; поточно на татко му на Амди Сербез.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И јас, како и Татко некогаш, како сето семејство во егзил, ја наследив судбата низ парадокси.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше јасно дека на патот кон Цариград се крена невидлива граница за Татко, за сето семејство.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Реши сето семејство да го откорне, земји и куќи да остави, патот на судбината до Цариград да го следи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Заминувам со сето семејство за Цариград.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Околу нејзе се извишило сето семејство, синови, снаи, ќерки и зетовци, внуци.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На чардакот на нашата куќа, во тој издаден дел, над реката, готов да полета со сето семејство, како во некој облак од сликите на Шагал, Татко, при читањето, си ги потсилуваше илузиите, готов секогаш некаде да заминеме, во потрага по излезот од балканскиот лавиринт.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Ќе смислиме нешто...“ И така тие се венчале. Сето Семејство дојде на венчавката.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)