Но се трудеше да не мисли на тоа, сиот напор, и умствен и физички, му беше насочен кон целта: да се фати со рацете за најголемиот раб на карпата и на раце да се крене на врвот на Орелска Чука.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не го тревожеше мајсторот што се победите во тој свет чиста илузија, зашто тој знаеше дека, ако се размисли добро, до тоа се сведуваат и многу работи што се чинат важни во животот и на кои им се посветуваат со сиот напор сериозни луѓе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)