сиот (зам.) - млеко (имн.)

На ручек, Минк го сипа во една голтка сето млеко во грлото и веќе се најде кај вратата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја прашуваа само неа дали сето млеко од овците да се сири, или нешто да се извади во ѓумови за на пазар, и колку, па колку восок да се остави за свеќи, дали маслото во ќуповите ќе стаса или да се прикупи, дали од месото од свињите што мораа да ги испозаколат, зашто мухамеданците не јадат свинско, да ѝ остават некој черек за неа и за папуџијата Јосиф.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)