Дури се повалија трите сестри, царев син беше 'и слушал и отишол дома, та пратил стројник и ја зел помалата сестра.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса: — Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! — беше последната негова наредба пред спиење.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Поминал пред една куќа кај што стоиле три сестри на едно пенџере и го виделе сите три сестри: Поголемата рекла: - Ах, мори сестри, да знаит царскиот син што мајсторија имам јас, веднаш би ме зел за невеста, оти со мајсторијата јас што ја имам, не ќе му требат брашно за месење леб, чунки можам да замесам една погача, што сиот аскер да јадит и пак да не се битисат погачата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)