сиот (зам.) - се (зам.)

Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, чувствува, сиот се смалува: тогаш кога бегаше од заптиите ни не се сети дека тие можат да пукаат, но откако стигна назад во Потковицата, со некое скришно делче на умот, постојано на тоа се пристеува дека ако пукаа заптиите засигурно плеќите ќе му ги наполнеа со куршуми.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
АРСО: Нека си свират, чорбаџи Теодосе. Нема што да криеме: ни пари броиме, ни жена тепаме, веселба правиме, како што е адетот и редот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Сиот се стресува.) Бррр... Оф, оф, оф... (Очите широко му се отвораат. Согледува зад плотовите луѓе од околните лозја, кои сеират, уживајќи, во реткиот призор, некои отворено а некои скриено, меѓу овие Ефка и Стојанка.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Арсо, заборавајќи на она што беше измачување во долгите часови на осаменост и во осаменоста родениот страв и самообвинување, сиот се внесуваше и се губеше во дивиот вриеж на страстите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ливадата наоколу е полна со сонце и со птици.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убаво е во нашава куќа. Потокот што тече под моите прозорци е двојно поголем отколку што е вообичаено, зашто снеговите од Бистра се топат, па сиот се пени и шумоли како да минува низ куќата, а не крај неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега сета се префрлам таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И додека не успеваше ни да си поверува во таа своја мисла, неговото тело наеднаш се најде опсукано и цврсто стегнато во змискиот допир на онаа незаборавна слика кога забот просвире за влакно веднаш над неговото колено, и сиот се изви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сиот се растреперив. Што е тоа што се случило и кому се случило та што треба да се јави в милиција?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мене ми се пресекоа нозете. Почна да ми се врти во главата. Во ушите ми бучеше и сиот се растреперив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кејтеновиот син, кога ме виде, сиот се згрчи, како да згазил на срча со боса нога.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој сиот се тресеше и возбудено објаснуваше дека морал да пука.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Вели: „Мајка ми престана да дише, а тате сиот се тресе, му врне пот од лицето“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
НЕДА: Не. Не. Не гледај ме. (Сета се впива во неговата прегратка.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: Иване, мили. (Му се фрла во прегратка, сета се впива во него.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само за еден миг му го заледи грлото и тој стигна до дома веќе без да може да изговори ниту збор; сиот се поду и легна в постела.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сиот се оладувам, вели и рацеве ми се испотено железо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)