— Не ода на даскал ако не ме дадиш во пансионот! — отворено му застана на татка си пред учебната година. Не помогнаа ни неколку стапчиња по задникот, ни кавги, ни аленици оти ќе го истера од дома.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Оди си дома, играј си пред зградата со Сандра, Елена, Кети, Розе и Виданка, мавни ми се да не те гледам, само ме деконцентрираш! - ѝ свикав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Му правеше задоволство на новиот поп да го гледа сина си пред него и да му бара чаре за здравјето, бидејќи други машки деца немаше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)