си (зам.) - ме (зам.)

Како божем да не си ме ни видела.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Алакерим. Султана чок јаша!“ „Нијаз чауш ми рече дека си ме викал, вели пашо“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Извади ги стаклата од очи, те помолив. Гледај ме како што си ме гледал до сега.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„А мислев дека мене си ме убила. Мислев дека си ме предала.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зошто, мори, колку пати си ме донесла пијан од свадба или од гости? Та само збориш за инат!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Имав работа – важно одговори Беличот. – Зошто си ме барал? – Мене не ми се останува тука.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— Не си ги заборавила, велам, мене си ме гонела.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти не си ме побарал досега, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Во која шума, бајченце, со кого? - Со Фиданка Кукникова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Немој, ќе ме исплашиш. Си ме видел - и што?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секогаш е свртен кон оние - високите, наредени во првата половина од редицата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Зошто си ме родила олку низок?“ еднаш ја запрашав мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ете, Љупчо е во сѐ послаб од мене, но тој е меѓу оние среќници што се редат први по фискултура. - Зошто се редам претпоследен?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Па токму со тоа си ме навредил: јас не сум никој... јас сум ти најпрва другарка... јас те запознав со сите...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега ми е јасно зошто не си ме разбудил цела ноќ?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)