си (зам.) - шепоти (гл.)

Да знаеја само што мислеше тој, умниот, што носеше тој во душата, што си шепотеше кога беше сам и кога до усмев вистинито му се чинеше дека една бела, кротка и трепетна рака му го допира рамото.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Почна да си шепоти сам за себе разни неврзани зборови: Најпосле го праша Крстета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Што, да не ми тежат ако измисли многу? — место одговор му постави Шаќир прашање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Болен сум, значи“, си шепоти во мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И како што пловеше пампурот, тие жените во бело облечени, добро нѐ ранеа и кога ни зборуваа почнавме да разбираме од нивните зборови, та си шепотевме – море овие ќе да се наши, та се преправаат дека се други.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си шепотам така, се молам. Ум немам за ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си ја држи главата и си шепоти: - Дури бев млад, вели, мислев дека секогаш ќе има време за она што го немам. 231
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога врвеа пред училиштето, луѓето погледнуваа кон војниците и си шепотеа: - На царот му била боса главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По него клинка Дуковица и си шепоти: мене да ме нема, ќе ја запали шумава!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги мијам и си шепотам: излези болесиште од коските во месото, од месото во косата и во ноктите и оттаму појди во реката и оди по река, дури да те изедат рибите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Запри, господе, господине, не земај ми повеќе, си шепотам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прости ми ги гревовите со лесна душа да појдам в црква на Воскресение Христово... и да се причестам... смирена да го примам Телото и Крвта на Синот Божји - од Богородица Мајчица роден... руган, плукан, мачен, распнат, умрен, од Крстот симнат, во Гроб легнат... си шепоти баба Петра седната пред куќи, веќе променета за в црква.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ех, намилост си ја викам ЅВЕЗДО МОЈА и си се приспомнувам на ѕвезденото моминство... а ДЕНИЦА - секој ден да ни е денот - светлина... саде убавина - си шепоти стишено, небаре песна пее - не бидувало гласно да се пее пред Воскресение Христово.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ќе помине... сѐ ќе помине... како лоша луња ќе си помине... во неврат ќе си замине - стишено, молитвено си шепоти баба Петра.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Јатата одлетале, Ѕвездо моја, ама ќе се вратат... ако има враќање - Секое заминување нема враќање - тивко си шепоти баба Петра, ама Ѕвезда сепак ја разбира, според мрдањето на усните ја разбира.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И веќе стасаа сите манџи. — Ајде, сега, да се поруча! — им вели на Доста и Илка, кои беа се стиснале до ќошот и нешто си шепотеа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ваму многу е весела. Оди, седи, лежи, само си потпева некакви грчки, руски, турски песни и со Илка сѐ нешто потскришум си шепотат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Глупоста има безброј имиња, си шепотев а луѓето од многу причини не се спремни да спомнат ниту едно од тие имиња“, и продолжував да се смеам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се смееше и Зрновски. Се смееше и кришум разговараше со Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ова се вика жирафа. - Жирафа, - вели и Зоки, а во себе си шепоти: „Штрк, жирафа...“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Некои си шепотат нешто на уво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто не е мртво, си шепотам под носот, кој ќе го гледа овдека?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И дење и ноќе си шепотеа една на друга најубави приказни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Пак останав сам, пак... - си шепотеше и уште потажен од вчера, се завитка во својата осаменост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само зимно време молчеа безлисни и заспани. Немаа лисја за да можат да си шепотат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Сѐ што е убаво, есента го зема, - тихо си шепоти Билјана. - Трендафилите,овенаа, кајсијата е гола. Сега и црешната оголува. Да, сѐ е оголено.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пленет од белата убавина, Томче си шепотеше една бела песничка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)