Војничето виде дека Мајка влегува во шемата на инструкцијата и, пред да го постави предвиденото прашање, уште еднаш погледна во паспортот па, подавајќи ѝ го на смирената Мајка, ѝ рече: – Те разбирам, те разбирам, Мајко, ама не можам да разберам зошто си ја напушташ татковината предвреме кога таму, преку границата, толку многу си страдала!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сигурно! Вие си играте со него, а тој си страда. Ама сте никаквеци! Затоа тој убаво ќе ви покаже!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
— Море, краста и орлови нокти да ви даде господ вам на таквите! Од вас си страдаме и ние.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)