си (зам.) - сонува (гл.)

Отидов и кај Сивевци, ја прашувам жената негова, а таа се чуди, се крсти и се домислува, - Велико, да не си сонувала нешто, ми вели, да не ти се јавил на сон Неделко, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Марија, ќе ѝ речам. Марија, си сонувала ли ноќеска свадба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Баба му го погали по лицето и му рече: - Убав сон си сонувало, внуче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Можеби си сонувал свилена грива и коњ што те носи во приказни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Си мислам, сине: во каква болка Некогаш ќе се витка мојата жедна душа под неколку жолти цветови - Коњот сега кајшто си сонува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)