си (зам.) - размислува (гл.)

И веќе си размислуваше како ќе го чува, како ќе го припитоми и ќе им го покажува на децата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Дури знаеме и каде да ги довеземе телата.“ „Значи, ти си размислувал цел ден за тоа“, му рече таа. 86
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Покрај сѐ, ние заедно со Мане Шнајдерот работевме за движењето, а јас си размислував ако одиме во партизани и ако останеме живи, можеби животот ќе се измени, па тогаш можеби и ќе се земеме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Си размислувам, која е поентата на овој мој животопис. Најчесто сите ми се жалеа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
– А дали си размислувала каде и што би можела да работиш? – се огласи Татко. – Постојано размислувам. Немаме друго чаре.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Значи, продолжувам да си размислувам, не било баш така како што си мислев, и мајка ми сакала да се дружиме, не само јас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)