Тој сврте и тргна, а јас по него. На полјанката, потаму од селските гробишта, војниците копаа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Митре и Коте го фатиле челното место на огништето и поднавалени на перници пушат; жените нешто си прикажуваат меѓу себе.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Жал ми беше. Млади беа сите, а меѓу нив и две девојки. Мојата ја немаше меѓу нив.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пандо помисли дека зборува за него, та затоа се поднамести и начули уво.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Жените си прикажуваат. Забрадени, облечени во црно, седат една до друга. Намнисуваат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)