На времето во Хавана и ноќите побелуваа од белиот рум во „Бодегита дел медиа“ и наутро не можевме да се изначудиме каков чудак бил тој Хемингвеј штом кучињата си погребал како луѓе во дворот на куќата кај Хавана од каде пак, ако го опули морето, секој си понесува (за спомен и долго сеќавање) макар едно бранче од приказната за старецот и морето.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
И луѓето околу мене, и јас самиот да си понесам убав впечаток, убава претстава за себе.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)