си (зам.) - подава (гл.)

Залегнував во овој мал, затворен свет на летна жега и сина вода, со неколку животни и двајца мажи што на дистанца си подаваат по некој збор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас понекогаш му кажував брзозборки, гатанки и бајки, а еднаш почнав да му зборувам за мојата мајка, за нејзините зборови на презир и потсмев за тоа како јадам, како се смеам, како чекорам; за тоа дека кога ни доаѓаа на гости нејзините пријателки со ќеркичките, таа пред нив ми велеше дека не умеам како нив да разговарам, да се смеам, да чекорам; му кажував со кои зборови го навредуваше секое мое воодушевување и секоја моја радост: воодушевувањето од вештината на неговиот татко, радоста што секоја недела претпладне го среќавав него, Рајнер, иако тој молчи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И само стоевме така едно до друго. Другите деца околу нас скокаа на една нога, си подаваа топка, прескокнуваа јаже, се бркаа околу дрвјата, а Рајнер и јас стоевме, јас гледав во него, а неговиот поглед понекогаш за миг паѓаше на мене, а потоа пак бегаше во празното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во собата владееше тишина, а тие четворицата си подаваа некаква цигара еден на друг и скоро и да не разговараа, но затоа тивка музика допираше од касетофонот кој што во темницата не можев ни да го видам точно каде е сместен.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И тие ќе се наредеа, во низа ќе се наредеа и ќе си подаваа котли и грнци со вода, и ние ќе ги натуравме цевките. Бжж!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)