А снегот само си паѓа, ги крши парошките од дрвјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А снегот си паѓа и ние се покриваме со снегот, се завиткуваме со снегот и заспиваме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Си паѓа дожд и снег, снег и дожд, лапавица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Снегот само си паѓа, ми застанува и на трепките, на веѓите, ко скинат лист ми трепери неговата светлина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А снегот си паѓа. И гледаш војници, застанале покрај некој камен, крај некој шип и се греат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)