си (зам.) - налее (гл.)

Тој, откако си налеа од самоварот чај, продолжи: - Е, мои мили Балканци, во мигот не можев да утврдам во кремљското здание како дојде до моето испраќање во Гулаг.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За да му прави друштво, и таа си нали неколку капки од ракијата, на дното од чашката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овчарите ги оставија бравите и навртоа на пресопта да ги топат опинците во локвите и да си налеат вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си налева половина чаша стоплена кока-кола, преостаната од сношти.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)