КАТА: „Беќарл’к — бејл’к...“ Ама и беќар на стари години да седиш дома, бога ми, не е бејл’к!... Ами — укор! Се си личи до едно место!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Осквернет тој никогаш не си го позволувал тоа па сега си личеше себеси како да беше истрчан пред сопствениот лов, пред сопствената среќа, а тие требаше само да бидат пресретнати. Среќата како и ловот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеби ќе речете дека постои еден начин на неповрзување што си личи; некогаш тоа се нарекуваше „стил“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Марија, самата на себеси, си личеше на Пепелашка, а Хелвиг на Принцот. Дали сонува?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Се разбира, можам да поверувам дека се препознавам, поистоветувам со својот потпис или со својата реченица, но единствено потпирајќи се на искуството и на вежбата кон кои сум обврзан, трудејќи се да бидам како другиот, со оглед на тоа дека можноста за повторување, па според тоа и имитирање, привидност, е запишана во самото извориште на таа единственост. 4Вашиот повик е двостран: сакате да ја промените праксата на читањето и да создадете некој вид заедништво меѓу своите читатели. 4Баш и не го сакам зборот “заедништво”, дури не знам ни дали сето тоа ми се допаѓа. 4Зборот го употребивте вие. 4Доколку под заедништво подразбираме, а тоа често е случај, складна целина, темелен договор и сложување во врска со појавите на несложност или војна, тогаш не верувам премногу во него и наѕирам во него колку закани, толку и ветувања. 4Мислам на она што Роџер Шартие го рече во врска со читањето, велејќи дека смислата на читањето е поврзана со начинот (праксата) на читањето, начинот на дружење со текстот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)