си (зам.) - запали (гл.)

Даниел го гледаше како го пали кибритот за да си запали цигара.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Супер! Ќе си запалиме вистински свеќички, а не електрични трепкачи на елката!“ важно извика Мими, си стави една сребрена гирланда в коси и започна да дели подароци: за дедо и баба топли пантофли, за тато вратоврска, за мама цветен шал, за Влатко и Мими - најмногу - баба Мирјана сплела џемперчиња, мама и тато одбрале интересни книги и новогодишни фигурички од чоколада.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Си запали и тој свеќа на сите три светилника, се прекрсти по христијански обичај и излезе заедно со старците, та поддена разговор пред црквата, прашајќи ги отворено што мислат за опсадата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во една пригода, Мајка си влезе сосема природно, во една црква, крај Езерото, и си запали свеќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Не знаеш Како мами Везден двата Да сме сами Јас и Таа За-луд-ност“ Во ателјето на Владимир Г. есента, 1994 стално си сам „Стално си запален И стално си Сам“ „Се палам себе, Горам сам За да ве Ос- вет- лам.“ бегство Ѕвони, Само во сонот Во тоа црно Сеопфатно Ѕвоно.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)