си (зам.) - гледа (гл.)

— Не си гледаш сермиата, пак, си му а оставил на в'ците да а јадат, a јас да а збирам со триста маки — и удри со патарицата на кандилото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На троногалче седам и сеирот си гледам и немам што да правам па во оган дрва клавам и се мавам со чеканче по колено за да видам дали ми се добри рефлексите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Понекогаш кога го чуваше дадилката, секој работен ден од 9-16, божем случајно во плеерот ставаше некој од филмовите што неговите љубоморно ги складираа во пластично пакување и си гледаа на само.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Да бегаме, да си гледаме работа“, рече трета и тргна да си оди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ни јас не знаев баш многу за тој феминизам, а исто така не знаев ни за сестринските односи, зашто сестра немам, па си замолчав, мислејќи дека ако продолжам на иста тема може нашето убаво расположение да се подрасипе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А бе, мани го татко ти, што знае тој за феминизмот и за сестринските врски, нека си гледа своја работа! – малку подналутено рече тетка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тогаш погледна во мене. Може, ако сакаш, овој да го земеш кај тебе, да си гледаш што сакаш и кога сакаш. Во боја, вели.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Може да го земеш кај тебе, ми вели, и што ти треба да си гледаш, и за пишувањето нешто може да ти помогне.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Ај, доста голта мрсули, вели Ирина и си гледа низ прозорец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас си гледам во чинијата своја, а тие не ме оставаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си гледа само пред нозете и вјаса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Боже! Зер си гледал од некаде, ја ти кажал некој, море синко Силјане,“ му рекла мајка му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Беше исто како кога си гледал до пред еден миг една од оние ситни ѕвездички на бледото вечерно небо и која сега, наеднаш пред твоите очи, пак ја проголтнал во себе бескрајниот простор и веќе ја нема.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред тоа ќе можеме до наситка да си гледаме како врнат снежинкине, таков ни беше договорот, нели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нели си гледал, синко, дури и ѕвездите од небото паѓаат... - Кога? Како?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Одајата празна, а диванот ветвен Во пролет рана, со мирис летен Мислите мои – меланхолични звуци Душата моја – ѕвекот на прапорци Во очи си гледам качунка бела Мечтите мои – друга јас ги зела Делата мои пајакова мрежа ги вплела. 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Наместо тоа, тие ја изразуваа нашата колективна состојба на политичка угнетеност и отпор, нашата колективна виктимизираност од една епидемија и од општество што самозадоволно си гледало како тоа се случува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А кога почнуваат да се редат зборовите: „...другите да те знаат…“ сложно ја кревавме мелодијата, ама ги спуштавме чашите... и на лицата си гледавме...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Навечер onlajn games,onlajn games, јас вешто си гледам, натпревар со мотор-крос низ цел свет си следам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Еднаш, кога седна на истово столче, таа, без зла намера, повеќе на шега, му рече: „Си гледал шатка како трча, со крената тртка и поткастрени нозе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По месечина две раце си гледаа нагоре И низ многу темно со многу болка во душата Низ полето усама некаде си одеше човек.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Како да си гледал во некое кандило, во некое сонце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)