си (зам.) - влезе (гл.)

Треба да стасам додека не го презалопиле мојот мртовечки сандак за да си влезам во телото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На италијански јазик Челебијата поправи разговор со слугите и си влезе со Нешето да си ја продолжи својата утрина работа, да се погали стариот со младото росно робинче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа дедо Иван си влезе во колибата. Седна до огништето, ги приспотна гламните, па го дофати она шишенце што му го донесе Бојан и потргна два-три пати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан со свиркање си влезе во колибата. Старецот го слушна како лока матеница од бокалот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот стана, се накашла еднаш, двапати, промрморе едно неразбирливо „добра ноќ“ и си влезе во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Просто и направо си влегол во разгледница, па сега се рашетуваш низ неа како паун со отворено ветрило на опашот, додека на некој не му здодее и не ти ја поткуси кикиритката, па да те спика во плико и да те залепи во него, со прописни марка и мур, пред да те прати по пошта на одредена адреса или на пост-рестант.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- О, драги соседе! - викна ластовичката. - Отвори ни да си влеземе во гнездото!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оти: си влегол, татко, во одајата со записот проклет, но очите не си можел да ги одвоиш од буквата Ж, буквата девојка, што зографот-краснописец ја нарисал да биде со очи питоми, со раце и нозе раширени, спремна да го познае мажот свој; Оти: си видел жена, сподобие страсно во писмо, клопче отровно, со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење; Оти: вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Оти: твојот страстен поглед ѝ дал топлина на буквата-девојка, и таа оживеала, и скокнала од писмото-клопче, па паднала пред твоите нозе и почнала да ти ги бакнува стапалата; Оти, ти рекла: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Оти: иако си му се заветувал на Бога по раѓањето на твојот единствен (сега ја разбирам смислата на нагласката на овој збор во говорот на Лествичникот пред логотетот!), син Лествичникот, си ѝ рекол: „О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Запалив свеќа во темнината на храмот и си влегов во сопствениот мир.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас сум остарела со стројниклак, дури, кога не ќе бендисува, ќе те испрскаат со лоши зборови така што... да не можеш да ја најдеш вратата од која си влегла за да излезеш. Блазе...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А нему му е потребно сега да си влезе во магазинот без да го забележи тој тамо. И тоа е сега негова грижа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Си влегов во колата и, со будното мало женско друштво, заминав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Над изворот најде една пештера и тамо беше си влегол за вечерта да преноќева; арно, ама ако дојде ти да преноќеваш и да заспиеш тамо, да и Силјан да заспиет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Целата ноќ што мислил и думал за кој бил и сега кад е во таа пустелија, кај што петел не пеал и куче не лајало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Потоа си влезе во собата. Кај детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Види си рожбата, будала една, немој токо влачиш в'на со умот. И си влезе дома да си го види детето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Митра излезе да ја испрати Бојана, Илко си влезе со заграб борина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко си влезе на малата врата и си отиде горе, се курдиса на тланик.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невестата и зетот бакнуваа рака, гувееја, тураа ракија и вино, та дури и заиграа колку за адет и најпосле дојде саатот да останат и тие насамо. Со благослов од попот невестата си влезе во земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шо може да биде тоа брборење, ако не маѓиа?“ — си заклучи Митра и си влезе зимата во разбоите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така се разделија нашите водарки — една лево, друга десно, а Бојана си влезе дома од малата врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утре дојди да ти раскажа шо те интересуа, — ѝ одговори кратко Тода и си влезе дома да види дали ѝ се вечерани и заспани децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не се замеша во кавгата, но затоа ги викна брата и и Јована да ја остават кавгата и да си влезат во училиштето, бидејќи ѕвончето удри.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога бегот навалуваше да станат, Злате си влезе од кај што излезе и му чкрапна на Колобана со левото око: — Ајде, тогај, ајде да станиме — го прифати Колобан беговиот предлог.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во една пригода, Мајка си влезе сосема природно, во една црква, крај Езерото, и си запали свеќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Над изворот најде една пештера и тамо беше си влегол за вечерта да преноќева; арно ама ако дојде ти да преноќеваш и да заспиеш тамо, да и Силјан да заспие!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ја чекај да си позобам троа црвје, и така ми се јаде,“ си рекол Силјан и си влегол во браздите да си збира црви.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Слегол од амбарче Силјан долу и тргнал за дома да си влезе, чунки рано било и малку времето расипано со дожд и лапавица, била уште баба Марта, та домашните си седеле крај огон и си се грееле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дојде еден чичко со лопата. Си влезе во нашиот двор, си седна на скалите, а лопатата ја стави меѓу нозете.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си влегоа дома, си седнаа и таткото сѐ по ред ѝ раскажа на Билјана за детето што се викаше Цане и што сакаше да го купи автобусот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Какви ти се тие задачи? – го прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тетка ми навредено и налутено замолчи и си влезе дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)