сет (зам.) - се (зам.)

Мајка, кога готвеше тикуш или пиле, сета се внесуваше, трагаше по крајните вкусови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кај колковите, на бутчињата, гледам сета се ишарала. Небаре коприви да ја журкале. Ме пројаде јанѕа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Момичката се згуши во него. Сета се смалечкави небаре во мајкин скут заспано детенце.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ене ја, вели Капинка, ене го гумното, ене ги скалите, вели, ене ја вратата, капавиците, оџакот, ене, сета се гледа, ми вели девојчето и покажува низ ветките од дрвјата, меѓу буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)