секој (зам.) - повторно (прил.)

Тоа се повторуваше при секое повторно излегување во градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со секое повторно влегување во купето чувствував дека внатре е загушливо и се ширеше некоја непријатна миризба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тогаш отиде до клупата и седна, а телото уште два пати благо ѝ се стресе и секое стресување, што ѝ минуваше низ телото ѝ ја одземаше вртоглавицата која сѐ уште беше во неа, и секое повторно смирување или сталожување одново ѝ враќаше дел од изгубената сила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Авторот забележа дека при секое повторно загледување во сликата, погледот сам му се сосредоточува на усните што впечатливо изразуваа некоја лутина од која Едо не можел да се ослободи ни додека се сликал.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)