Коментирајќи го „темелниот јаз помеѓу гламурот и хуморот“ и во дрег-изведбата и во машката геј-супкултура во целина, Њутн изнесе низа етнографски согледби за машкиот геј-општествен живот кои и понатаму имаат далекосежно значење.
На секоја хомосексуална забава ќе има двајца конкуренти, честопати, сепак, комплементарни, околу кои ќе се вртат интересот и активноста: „најубавиот“, сексуално најпожелниот маж таму, и „најкампестата“, најдраматичната, вербално најзабавната кралица.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машките геј-културни практики подобро и посистематски се разбираат кога ќе се вратат во своите првобитни, конкретни, прагматични дискурзивни и општествени ситуации отколку кога се апстрахираат од нив и се анализираат во смисла на естетска теорија, како што претпочиташе да прави Сузан Зонтаг, колку и да е тоа сјајно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)