Така натпреварот си тече со секоја следна деценија. животот се труди да те прелаже дур ја ситниш банката.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Сепак, тоа не беше доволно, зошто јас го сакав само за себе, а тој со секоја следна порака сè повеќе ми докажуваше дека наместо срце во тие мазни гради носи камен.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Повеќе го сакам другиот начин на мислење кога секоја следна мисла се одбива од претходната, според принципот на трамбулина - се отфрла од отскочната даска.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
А таа е толку тешка за носење. Со секој следен поклоник, расте сѐ повеќе и повеќе.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во текот на целото тоа попладне присетувањето на неа силно го вознемируваше, но секој следен пат истовремено помислуваше дека тој не е момчак со среќа да има таква девојка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој ме погледна изненадено, и потем рече: „Секој умножувач свој дах му вдахнува на секој следен препис, своја топлина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А и прави се: та огнот изворен во секој следен миг поинаку изгледа!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мојата болка имаше име; мојата болка која беше сочувана во моите први сеќавања, на која се надоврзаа сите подоцнежни болки, го имаше името на мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во човечкиот живот доаѓаат многу болки, некои си одат, некои остануваат со нас сѐ до смртта, но само онаа прва болка е вистинската, сите останати болат преку неа, секоја следна болка е доволно силна само доколку ѝ се приближи на онаа првата, доколку има нешто сродно со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Секое следно беше сѐ побледо и побледо; и најјаките задоволства го изгубија вкусот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги загубив сите идеали. Со нив се изгубив и себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе ја подречам ли во чинот
од секој следен ден што прави задоцнет ден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)