секој (зам.) - нареден (прид.)

И секоја наредна ноќ се појавуваше од различно место од гората, а едно време и толку многу се прежали себеси што почна да се јавува дури и под ѕидиштата на чифлизите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Парадоксот во оваа драма наречена живот ме научи дека секоја наредна минута е нова можност да изменам се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Неколку минути пред смрта, повторно да се родам, на работ на животот на почнам да живеам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зар е тешко да се сака, зар тие што живеат за љубов од љубов да умрат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубовта е наша потреба, наше исполнување, веруваме во таа сила која полека не уништува, отров за нашиот ум, кој се шири и ги замрзнува сетилата и секоја наредна минута убавите чувства се претвараат во омраза.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секако дека секоја наредна генерација располага со поголеми квантуми на интелектуален капитал (при претпоставка за едно позитивно еволутивно движење), но величината на едно уметничко дело честопати е независна од интелектуалниот фактор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Секој нареден глас влегува во играта пеејќи ја главната тема, и притоа е често придружен со секундарната тема од некој друг глас, додека веќе влезените гласови продолжуваат да еволуираат зависно од имагинацијата на авторот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, има и конкретни историски причини зошто машката геј-култура постојано ги посрамува сопствените припадници, зошто секоја наредна геј-генерација бескрајно го повторува одрекувањето на претходната геј-генерација од геј-културата, зошто секогаш излегува дека самата геј-култура е – понекогаш според помладите геј-мажи и секогаш според оние што зборуваат во нивно име – исклучиво сопственост на постарите момци, на кралиците, на луѓето што на овој или на оној начин едноставно ја надминале: накратко, на другите, особено на другите чиешто стварно или замислено прифаќање на геј-културата секогаш на крајот ги прави да изгледаат и женствено и архаично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културата на стрејт-мажите не се репродуцира себеси така што на секоја наредна генерација момчиња ќе ѝ пренесува подробно познавање на овие филмови, ниту, пак, ги учи своите припадници наизуст да научат одредени реплики од Најмила мамичке и не организира фестивали на кои овие реплики ќе се повторуваат пред публика што желно ги исчекува и што ги поздравува полетно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А, пак, за овој случај нашиот храбар соговорник има поднесено уште една (четврта) тужба, по којашто во моментов е во тек граѓанска (парнична) постапка, и за која искрено се надеваме дека ќе заврши во негова полза.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Божиновски уште еднаш укажува на фактот дека компаниите секогаш гледаат преку некој неправичен начин (пр. присилно потпишување разни изјави) да се оградат од правата кои им сле- дуваат на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Видовме дека и сите пресуди (освен кај примерот со повлечената тужба) се спроведени по пат на извршител, и тој вели дека без размислување би тужел во секоја наредна прилика кога би му било повредено некое работничко право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)