За тие задоволства, имплицира Милер, бродвејскиот мјузикл и уживањето со кое тој се слуша би биле неумоливо и беспоштедно погубни.
Да скратам, постоунволскиот геј-маж, укажува Милер, е склон да ја третира секоја културна практика што може да му ги разоткрие сопствените архаични настрани чувства, а со тоа и да му ја обнароди афективната структура на сопственото рано субјективно обликување, приближно онака како што „пошироката култура околу него ја угнетува и ја толерира... неговата хомосексуалност“. (27) Со други зборови, според Милер, бродвејскиот мјузикл и срамотната сентименталност што тој ја кодира за геј-мажите постепено почнале да ја означуваат онаа срамна внатрешност што и самата хомосексуалност некогаш ја претставувала.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секоја културна и јазична средина се јавува потребата, во кратки временски растојанија (интервали), да се обновуваат постојните изданија и да се подготвуваат нови, селективни и авторски, избори од светскиот расказ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)