За телото, како секоја друга информација, да може да теле-комуницира и теле- кинезира, потребни му се безбројни помагала, а сепак сè повеќе личи на инвалидизиран човек.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во оние брошури што ги добив во Берзата, на едно место прочитав дека берзијанерите треба да знаат добро да викаат, да цркаат, да надвикуваат секој друг, и да ја знаат пантомимата со своите партнери.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Јасно и разбирливо е затоа што е кодифицирано во бројки и бидејќи секоја поединечна бројка е одвоена од секоја друга бројка со некој интервал.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но убава е бубачкава што ја држам в рака и знам дека е мртва, дека нејзината градба ја надминува секоја друга и поседува незауздана радост, а таа радост е радост на каменот, и таа живее во гробот како лав.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Што и да запишеше Татко во својата Историја, ќе застареше, со текот на времето, и, како секоја друга историја на Балканот, ќе почнеше да се менува, да се крои, да се испишува, да се допишува...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Да му предложеше таа мома од секоја друга куќа можеше да поверува дека нема да му откажат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Суетата, онаа несовладлива женска суета, диво ја гони и Данче не знае за граница и мерка... Вечерва повеќе од секој друг пат...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Познатиот американски филозоф и психолог Вилијам Џејмс 1882 година за азотниот оксидул го запиша следното: “Кај мене, како и кај секоја друга личност со која имав прилика да разговарам, основниот тон на доживувањето е страотно изразеното чувство на силни, метафизички илуминации.”
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ако се елиминира секоја друга функција на сувенирот (естетска, идеолошка, психолошка и.т.н.), сувенирот претставува најчисто отелотворување на времето и местото воедно.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во дворот под дудинката сега се трудев да седам, така што да ги држам настрана од мислите како црните луѓе, така и секоја друга мисла.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
(Тоа воопшто не беше вистина, и јас не знам за таква епизода во Декамерон; и до ден-денес не ја сфаќам смислата на таа импровизација на Земанек, која набргу стана моја реалност, и јас ѝ се покорував, како и на секоја друга реалност!)
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Него сега го дефинирала неговата сексуална желба – го направила сосема геј – но и го оставила во секоја друга смисла сосема нераспознатлив од нормалните мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А потоа, во едно писмо од петти јули, кажува дека повремено повторно го совладува стравот: “Неколку дена бев со сосем замрачен разум, како во Арл, ако не и полошо, а треба да се претпостави дека тие кризи пак ќе се враќаат во иднина, тоа е грозно.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа е болест како и секоја друга…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И, во истото писмо, како некакво извинување, вели: „… ти секако разбираш дека, да имав можност да избирам, немаше да го изберам лудилото.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа, малку по малку, доаѓам во состојба да го гледам лудилото како болест слична на секоја друга болест.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во Македонија, како и во секоја друга земја, има многу наречја, блиски едно до друго.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ти многу убаво знаеш дека јас се плашам од секој друг пиштол, само не од твојов.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
За секој друг оној единствен избеган самјак и тврдоглавата мечка, пред која сѐ што ти останува е да отстапиш, не би морало да значи нешто толку големо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше доста далеку, дури и премногу далеку за секој друг да ги нанишани на таа далечина, но беше исто така неминовно и за сето време тој мислеше на својата сигурна рака.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ана, одмори се. - Остави ме да те погледам и да разговарам. - На тоа имаш право повеќе од секоја друга.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Доставувањето на реферати во секој поглед имаше предност над секоја друга работа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И пак се тргаше. „Со тебе - каде?“ „Сегде“, и не ја пушташе веќе раката. „Знам едно катче од каде можеме да го слушаме мекиот галоп на глувчињата.“ И пак се сети - не, јас нема да умрам од смрт како секој друг; ќе умрам од живот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Јас сметав дека не можеше да се бара виновник во една ваква бизнисменска зделка во која, како и во секоја друга, постоеше ризик на инвестиција.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Сакам да те гледам, макар и во секоја друга, што и да посакаш, тука е твојот верен слуга.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Трикот како да се постигне ова може да се научи како и секоја друга ментална техника.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Физичкиот бунт, или секоја друга прелиминарна акција што би водела кон бунт, денес е невозможна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон немаше никаква врска со организирањето на лотаријата, со која управуваше Министерството за изобилство, но беше свесен ( како впрочем и секој друг во Партијата ) дека премиите во најголем број случаи беа непостоечки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Секој друг на земјината топка веднаш ќе одговореше дека ја издал Џулија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А службениците работеа како во секоја друга фирма, без никакви емоции, што е нормално кога работиш секој ден иста работа, губиш емоции за сè.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
На моменти си помислував: "Види, и ракот е болест како и секоја друга.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
И за чудо беше. При такви услови на животот оваа беговска стока се множеше од секоја друга повеќе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Исклучиво насочувањето кон стилот имплицира еден посебен став спрема општественото производство и распределбата на уметноста - поставува одредени граници за материјално-техничкото производство на уметноста, како и одредени барања околу нејзиниот статус и корисноста, како и секоја друга идеологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Каде потскришум, каде јавно, почна да му праќа преку Тода на Крлето секој ден, секој други ден, нешто за јадење; му прати чорапи, гаќи, фанела; за Водици цел такам од конец и ѝ потфрли на баба Бисера да му го каже ова на попчето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За разлика од самите соништа, фабриката во којашто тие се произведуваат не изгледа убаво... како впрочем и секоја друга фабрика: има тука разни маслосани машини, и бучни апарати, и големи зачадени оџаци, и смрдливи отпадни материјали, и привилегирани шефови на смени, и млади преамбициозни кадри, и необработени сировини, и стечајни работници, и ученици дојдени на пракса...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сети се на денот, навидум како и секоја друга (улица сосем обична малку каллив снег, замислени минувачи) кога спокојна ја наведна главата врз твоето раме.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Тој избра одреден број доброволци кои во психијатриските одделенија на одредени болници ќе речат дека имаат халуцинации, но дека во секоја друга смисла се однесуваат сосема нормално.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Секој од нив веднаш е примен, поголемиот дел добиле инекција, а сите се дијагностицирани како шизофреници.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Успева како и секоја друга добра литература бидејќи читателот сака да дознае што ќе се случи понатаму.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
После тоа, секое утро кога ќе се разбудеше, на устата имаше пивтиеста маса како опашка на полноглавец.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Знаеше и да се налока, па да почне да лелека дека никој не го сака, дека сака бакнеж како и секоја друга уста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во случајот на Ворхол, иронично и смешно во исто време, авторот е и стилистички и буквално отсутен.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
” По сите правила, ваквата проза би требало да биде досадна, посебно нејзината претенциозност, но напротив.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Границата, во езерото, како и секогаш не се гледа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како секоја друга нормална граница.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Така, кога ќе се каже дека причините и последиците не постојат, се мисли дека постои немерлива бескрајност на причините и последиците, дека всушност секоја работа во севкупното време и простор е поврзана со секоја друга работа во севкупното време и простор.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Како и во секоја друга долга проза, и во романот Будалетинки од Мето Јовановски, нараторот има еден временски, еден просторен и еден реален агол на запазување на настаните.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Секоја друга жива здивка се потпикнала некаде и молчи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секој друг ден и друг човек во НКВДЕ.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се гледаше и тоа дека како и секоја друга девојка гледа конкуренција и сака да биде подобра.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сè си има своја убавина.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Имаш право – реков, а си помислив – Охрид е полн со млади, со живост, со кафулиња, со забава, плажи, дискотеки, а Маврово... – и ми се стегна малку срцето, но во истиот миг го слушнав неговиот глас, кој некако, не знам како, почнав сѐ почесто да го наслушнувам: - Не биди како оние што секогаш мислат дека е подобро на некое друго место, на секое друго на кое што не се тие.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)