секој (зам.) - голем (прид.)

Обајцата беа свесни дека секоја голема библиотека во светот настојува да се спаси со спротивставувањето на губењето на меморијата, на нејзиното враќање таму каде што е целосно исчезната или се навестува нејзиното исчезнување, да се спаси конечно од губењето на нејзиното значење за човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во својот познат есеј „Поетот за критиката“, Марина Цветаева, ќе рече: „ Сè вслушнувам во секој голем глас, кому и да му припаѓа тој.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Катовите се поделени на две групни соби; односно, секоја голема соба е придружена, во еден заеднички простор, со две мали.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Некаде во средината е поставена дрвена маса, сиво-зелена, покриена со мушама во иста боја.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред секоја голем разнобоен шатор и под него изложени пластични шишиња со кока кола и разновидни обоени сокови и течности.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паметам, овој мој заклучок настана во мигот кога неочекувано, од изненаденост, (а изненаденоста му претходи на секое големо откритие) неконтролирано извикав: Господи, брат ми е навистина преполн амбар самодоверба!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, драги Асенета или Аристине, љубовната напивка што овде се нуди ќе можете да ја искористите само ако поминете низ извесна иницијација, односно, ако успеете да се вброите меѓу јунаците на оваа приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Рака на срце, сè уште немав заборавено како да се насмеам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зашто, секоја голема љубов почнува со три мали лаги.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Всушност, секоја голема љубов почнува, како што рековме, со три мали лаги.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку размислувајќи, си возвратив самиот себеси: – Затоа што секоја голема љубов почнува со три мали лаги...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби затоа секоја голема љубов почнува со три мали лаги.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Воопшто не е важно дали е клуч или обетка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, зошто го лажеш Аристин? – Затоа што секоја голема љубов – си возвратив сам на себе - почнува со три мали лаги... II Речиси две години откако оваа приказна е напишана и објавена во еден дневен весник, телефонски ми се јави еден машки глас, ми рече дека не се познаваме, дека е мој читател и дека има нешто необично да ми соопшти во врска со приказната „Чај за двајца“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Денот беше ведар и топол и имаше многу сонце и пурпурна светлина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Обична женска обетка, која воопшто не мора да биде скапа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)