Многу подоцна брат ми напиша дека секој човек останува дете на својата епоха, дури и во поглед на неговите најлични својства, а исто така и секоја љубов е дел од времето во која се раѓа, бидејќи таа се раѓа меѓу две суштества кои се дел на своето време.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да, толку повеќе страдаш - повтори - и што е уште пострашно, секоја љубов те обврзува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Блажени се оние што ја спознале љубовта во срцето свое, оти љубовта е патот и целта, и љубовта човека го избавува од вечната смрт на омрзата и на тагата, а секоја љубов коренот свој го има во љубовта кон Него, па тие што љубат, во љубовта Нему му се поблиски“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
2. СЕКОЈА ЉУБОВ ПОЧНУВА СО ОЧИ - зарем затоа таа завршува слепа?
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Тоа беше нашето време, времето на молк за телесноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)