секој (зам.) - чаша (имн.)

Сака, ете, да си ја стави извалканата шепа врз секој негов најнов цртеж, за да изгледа како печат; сака да лизне од секоја чаша млеко што Зоки треба да ја испие – но кој му дава!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Неговите усни беа сиви и натечени кога му говорев за шумот на зрелата `рж и тој по секоја чаша ме тераше да те разголувам за него, сѐ додека со страшен удар не ќе му ја смачкав муцката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговите усни беа сиви и натечени кога му говореа на шумот на зрелата 'рж и тој по секоја чаша ме тераше да те разголувам за него, се додека со страшен удар не ќе му ја смачкам муцката.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)