На природата, велеше не ѝ е важна должината на живеењето, нејзе ѝ е важно: секое суштество да остави потомство, да го продолжи својот вид, својата репродукција.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
„А што ако те изгубам и тебе?,“ ме праша.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сметаше дека револуциите најмногу ја разместуваа рамнотежната точка на секое суштество, на секоја општествена заедница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како сѐ да му навестувало дека тој губиток ќе се случи – можеби тој страв во него бил вгнезден од едно нејасно сеќавање од првата година од животот, кога бил одвоен од мајка си, и тој страв, дека ќе го изгуби секое суштество кое го љуби, продолжувал и натаму.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во својата борба за изедначување на правата на луѓето и животните, длабинските еколози се потпираат врз утилитарната теорија и нејзините тврдења за тоа дека секое суштество сака да ја максимилизира својата среќа и да го избегне страдањето.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Во него постои невидена склоност кон мајчинско пружање на заштита на секое суштество.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)