Проблемот беше во тоа што тигрите и мајмуните имаа една заедничка грда навика: да ја проверуваат секоја стапка од својата територија и да ги пребројуваат, меѓу другото, и сите желади и тревички во неа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Чекореше без брзање, нога пред нога, секоја стапка беше врзувана за некоја слика.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Така проповедал Гоце - пишува неговиот биограф П. Јаворов - зашто само љубовта кон народот го раководеше на секоја стапка во неговиот бурен живот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Внимавајте на секоја стапка ... Од вас зависи сѐ ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Што ќе е ова осигурување, се чудиме, војниците на секоја стапка ни газат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие се пред нас, на секоја стапка и во секое време можеме да ги имаме, само треба да ги побараме со повеќе трпение, волја и идеализам, многу идеализам, та така животот да не ни оди напусто и без цел...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Своето ЈАС го заборавив зад себе, носен од помислата „МОЖАМ ПОВЕЌЕ“ -и секоја стапка поблиску до успехот а за нив, рушење на сите градби од нереални идеи, фрустрации, неконструктивни закитени со синџирите од алчност и лакомост... правејќи заговор како да нѐ спречат?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Таму таа била попречувана, потпирана и спречувана на секоја стапка од нејзиниот пат.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)