секој (зам.) - соба (имн.)

Слични отвори постоеја на илјадници или десетици илјади низ целата зграда, и тоа не само во секоја соба, туку на куси растојанија и во секој коридор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нашата куќа секоја соба има свое име, во зависност од нејзините карактеристики.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мојата е Собата на светлината, зашто е свртена кон југоисток па е најпрозрачната и најосветлената просторија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сето тоа беше добро, како што беше добра и твојата прошетка низ сите соби на неговата куќа, кога откри дека тој во секоја соба веќе има по еден персиски ќилим, од оние, што ги ткаеа девојките во текстилната бригада. Тоа ти требаше да го знаеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја пребаравме целата зграда, соба по соба; цели ноќи, цела една недела посветивме на секоја соба одделно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како не би се угушил од недистиг на кислород, у секоја соба има мало шалтерско пенџерче кое е забарикадирано со мрежа против комарци.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И сега тоа старче си имаше и нова куќа, како и сите други бригадири, како сите братучеди и чичковци на Претседателот, а во секоја соба и тоа имаше по еден персиски килим, по еден од оние, што ги ткаеја девојките од нивното село во текстилната бригада на Задругата, никаде непрокнижен, напросто земен и однесен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)