секој (зам.) - семејство (имн.)

Требаше да ја совладува оваа тврдина која беше составена од повеќе лавиринти, а на крстопатот од тие лавиринти се криеше тајната на секое семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сигурно постојат имиња на многу јадења кои не допреле во речниците, останале во семејната меморија, преживеале, како и тикушот, или исчезнале засекогаш...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Речиси во секое семејство ширум низ Османското Царство постоел различен начин на подготвување на овој плод.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со Михајло се договоривме од главните линии до куќите, секое семејство да си копа само.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За секое семејство во градот можеше да се напише хроника, во која најзначајно место ќе заземеа козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најпосле стивна отровниот глас од радиото, што сигурно го загорчуваше животот на секое семејство во Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден нивни збор можеше да го измени животот на секое семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За секое семејство е предвидена по една соба. Практично, не гледам место за козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Речиси секое семејство имаше свој план како да ги спаси козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Длабоко го погодуваше фактот што на Балканот секогаш мора секое семејство, заедница одново да започнува да се извишува од урнатините на поразите на претходните генерации, никако да се надоврзе на природниот континуитет на вредности.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нѐ крена самиот семејство, остана со козите, а со нив се сврза со секое семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И макар што самата облека беше над секаква пофалба, народот од кралството свечено ветуваше дека мошне бргу кралот ќе добие облека уште подобра од оваа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Секако, секое семејство има црна овца, така и меѓу жителите на кралството се сретнуваа личности, што сметаа дека облеката на кралот не е сосема добра, дека кажано со други зборови, кралот би можел да биде подобро облечен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)