секој (зам.) - пукнатина (имн.)

Просторија со низок плафон, преполна со луѓе, со ѕидови потемнети од допирот со безбројни тела; исчукани метални маси и столови, поставени блиску еден до друг, така што луѓето се допираа со лактовите; искривени лажици, накршени подавалници, груби бели чанчиња; сите површини измастени, нечистотија во секоја пукнатина; и еден киселкав, измешан мирис на лош џин, на манџа со метален вкус и на нечисти алишта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ секоја пукнатина на старата воденица се пробиваат перчиња на темницата. Само што квадратот на прозорецот станува посветол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Моите раце бараа долж камените ѕидови на пештерата и, во секоја пукнатина, лежи само црна бездна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од секој отвор, од секоја пукнатина на градот, извира лилава неизвесност. од неа и заради неа, матно е далечното липање на црковните ѕвона.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Велам: кула се издига меѓу морето и небесата и во секоја пукнатина по една молитва...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)