секој (зам.) - помине (имн.)

При секое поминување по оваа патека, помислувам дека е потребна полна концентрација не само на погледот туку и на секој нов чекор, а тоа истовремено збунува и вознемирува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека не требало да ги оставам отворени вратите зад себе, туку по секое поминување, требало да ги затворам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Всушност таа извитканост на патеката што води над самиот амбис те принудува да внимаваш а тоа помага да се оддалечиш барем за момент од сите оние неугодни размисли што најчесто ги одгледува токму осаменоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)