Со истражувања откриен е голем број примитивни слики и знаци што личат на писмо, но им недостасува систематизацијата што секое писмо мора да ја има.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сепак, не би можеле да речеме дека мејл-артот значи весело чекорење наоколу со извадена „уметничка“ утроба; тоа може да биде опасност - тнр. „естетска промискуитетност“ - но од неа ионака боледуваат голем број уметници, без разлика дали се мејл-уметници или не; штосот е токму да се демистифицира уметноста, да се направи полична, подиректна, но сепак притоа задржувајќи одредена барем иронична нота на официелност; тоа и секое писмо делумно го содржи, веројатно тоа сте го почувствувале, таа „званичност”, таа стегнатост и тој објавувачки тон (колку и да е писмото интимно!), и тоа е уште една од тајните моќи на мејл-артот, парадоксот на едновременото демистифицирање и мистифицирање на уметноста, но сепак со акцент на она првото, бидејќи тоа е трендот на овој век, почнувајќи од Дишан.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Не ги читаше до крај, само набрзина фрлаше поглед на секое писмо поединечно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со секое писмо насобраниот бес исчезнуваше грам по грам.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но среќа моја што сум педантен - во еден тефтер водам евиденција за секое писмо, факс или и-маил што сум ги пратил откако дојдов во Холивуд, така што треба само да ги прегледам сите 3.000 адреси од тој список и вистината сама ќе исплива на виделина.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Кажуваше Филозофот собитија чудесни уште многу, а јас го слушав со уста подзината, со очи ококорени, со душа возљубена по ука; говореше дека таа топлина и самиот веќе може да ја почувствува, иако не толку јасно како слепецот од Кападокија; говореше дека огнот е праизвор на писмото, како што сонцето е извор на денот, исток негов; говореше дека огнот е и утока на писмото, крај негов, оти секое писмо во оган се претвора; книгите горат затоа што во нив има букви, и топлина огромна; оти не можеш да запалиш нешто во што топлина веќе нема, како што е тоа со каменот или водата; затоа што е потешко да запалиш камен одошто дрво и хартија; но и каменот, велеше може да согори ако на него се забележи писмо топло, и доказ за тоа се ѕвездите опашести; говореше дека сѐ на овој свет е писмо, дека целиот свет е книга; говореше чудесни нешта а јас го слушав и толку се занесов што не забележав кога вратата се отвори и влезе отец Стефан Лествичник.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во секое писмо го потсетуваа на нивното пошироко семејство, на нивните корени, на неговото потекло.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во таа смисла, во поглед на секое писмо може да се постави прашањето, дали системот на писмо каков што го познаваме и што допрел до нас претставува оригинален облик на писмо или е доцнежна разновидност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Можните графички измени во системот на писмото се прикажуваат во нацртот на графемите и во заедничкиот графички облик на писмото, кој се условува со промените во манирот на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа всушност не ги нарушуваше наложените правила во нашата преписка: да ми пишува кога самата ќе посака, а да не се почитува редовноста во задолжителниот одговор на секое писмо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во секое писмо што ми го пишуваше јас ја чувствував Елен Лејбовиц сѐ поблиска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Немав кому да му ги носам своите текстови за мирно просудување, за моја заштита, немав кому да му носам книги за потцртување со молив на најзначајните места, на страниците со пепел и потоа за разговор во врска со нив, немав кому да му се восхитувам за мирната храброст, моќ и трпеливост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Ќе започнам со писмото од Прилеп“ рече Филип, „се јавија еколозите од ОУ „Кочо Рацин“, почетокот како кај секое писмо, а оттука конкретно: - Прилеп беше меѓу првите градови во Македонија во кој се формира еколошко друштво „Дервен“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)