секој (зам.) - петок (имн.)

Тој ја симнува кацигата и открива, зачудо, модри очи, (модри како морските длабочини во серијата „Тајни на океанот“, на ТВ, секоја петок).
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Во бистрото секој петок и сабота имаше мал ансамбл кој свиреше македонска и српска староградска музика.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беа се растовариле на мегданите околу бањата, кои, како и секој петок попладне вриеја од чези, дотерани мажи и растрчани деца.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Секој петок урда јадам. Секој петок кур да јадам.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Бил Маер е омилен гостин во нашиот дом. Секој петок во осум навечер затвораме врати, гасиме светла, исклучуваме телефони и го гледаме неговото шоу.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Дека го опоменуваа и неговите роднини и шамашот на нивниот каал, кој секој петок пред шабат и особено на Големите празници ги буди луѓето потсетувајќи ги на нивните духовни обврски за денот што е пред нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)